Фото: Игор Бансколиев

Партиите се блиску до постигнување договор во однос на препораките на ОБСЕ/ОДИХР

Работната група за подготовка на измените на изборниот законик е блиску до договор во однос на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, објави МИА повикувајќи се на информации од Министерството за правда.

Утврдувањето на начинот на избор на градоначалниците е главен предизвик во однос на изборниот модел, односно дали градоначалниците ќе се избираат во прв или во втор круг. Најголемиот дел од учесниците во работната група го поддржуваат ставот дека членовите на општинските совети треба да се избираат на отворени листи, во однос на постигнувањето консензус околу политичките прашања и промената на изборниот модел

Помалите партии поддржани од СДСМ доставија до Собранието два предлози за измени на изборниот законик – првиот за земјата да биде една изборна единица, а вториот за отворени листи и застапеноста на мажите и жените на листите да биде рамноправна. Предлозите се ставени во собраниска процедура, но за нив не е отворена дебата во собраниските комисии, ниту пак на пленарна седница.

Локалните избори во Македонија се најавени за втората половина на октомври.