Александар Пандов од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот протест со мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“ пред Министерството за правда рече дека ние живееме во земја во која како Македонци треба да се објаснуваме со соседите дека сме Македонци, дека нашите предци говореле македонски, дека имаме сопствена автентична историја.
– Ние сме едиствена земја во која оваа багра на Заев, заедно со Димитров, сега зајакнати со Бучковски, ни се преговарачи со Бугарија. Може да замислете каков би бил исходот. На сите им се јасни ставовите на Заев, Димитров, Бучковски. Тоа се луѓе што за лични причини би продале сè. Тоа се луѓе чии ставови се многу поблиски до ставовте на Каракачанов, Захариева, Борисов – рече Пандов.

Тој рече дека на Заев му е јасно оти му се ближи крајот.