До затворањето на денешниот број на „Нова Македонија“, вчера до 16.30 часот, Основното јавно обвинителство имаше дадено 12 позитивни мислења за амнестија за обвинетите за настаните на 27 април, минатата година.

– Ја известуваме јавноста дека денеска во Јавното обвинителство пристигнаа вкупно 66 барања за амнестија доставени во согласност со Законот за амнестија од страна на Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

Во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција пристигнаа 29 барања, од кои до овој момент е дадено позитивно мислење за 12.
Во Основното јавно обвинителство – Скопје пристигнати се 37 барања за амнестија. Поднесените барања се доставени до надлежните обвинители, кои постапувале по предметите. По нивното разгледување, ќе биде доставено соодветно мислење до судот – известуваат од ОЈО.