Концертот по повод прославата на 20 години од Охридскиот рамковен договор е откажан со што министерството покажува доблесност и ги уважува препораките за заштита од ковид-19, кажа првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби во Тетово, каде на Универзитетот на Југоисточна Европа се одржа панел-дискусија по повод 20-годишнината од Охридскиот договор.

– Согласно програмата за одбележување на Охридскиот рамковен договор предвиден е огромен концерт на плоштадот Македонија во Скопје, вечерта на 13 август кој што ние како Министерство решивме да го одложиме согласно новите состојби со инфекциите од коронавирусот. Затоа покажуваме дека сме доблесни и ги откажуваме сите можни манифестации каде што има ризик од зараза – изјави Груби.

Сепак, останува да се одржи прослава во хотел на која е предвидено да присуствуваат околу 200 луѓе.