Откажана е собраниската комисија за европски прашања на која денеска требаше да биде разгледан Предлог-законот за попис на населнието, домаќинствата и становите 2020 година.

Комисијата утрово е остранета од дневните активности на веб страницата на Собранието.

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, соопшти дека седницата е одложена бидејќи за разгледувањето на извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава, што било прва точка на дневниот ред, не бил обезбеден претставник од мисијата на ЕУ.