Одговорноста сега е кај земјите-кандидатки и потенцијалните кандидати на патот за стекнување полноправно членство во ЕУ на кој треба посветено и натаму да работат на реформите, кои од нив се бараат, заклучија учесниците на состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони денеска во Скопје.

Свесни сме, како што се наведува во заклучоците од Самитот, дека владеењето на правото, основните човекови права ефикаснито судство и доброто владеење, како и борбата против корупцијата и организираниот криминал се клучни за напредокот, развојот и стабилноста.

Претседателите на Македонија, Хрватска, Словенија, Србија , Црна Гора, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, претседателот на ЕС и бугарскиот премиер во заедничкиот заклучок од состанокот нагласуваат дека ги подджуваат објективните критериуми за проширување на ЕУ со земјите-членки на Процесот Брдо-Бриони, каде што е истакната проценката на индивидуалните заслуги.

Ги поздравија пораките и конкретните предлози од Стратегијата на ЕУ за Западен Балан и потврдата за веродостојно проширување и зајакнување на ангажамнот на ЕУ со Западен Балкан.

Осбено го поздравија претстојниот самит ЕУ-Западен Балкан, кој ќе се одржи во Софија, како конкретен израз на обновениот пристап на ЕУ кон регионот.

Сметаат дека е потребна поголема синергија во регионалните иницијативи и механизми во однос на градењето на инзкулзивен регион.

– Го охрабруваме решавањето на отворените прашања и спорови во духот на добрососедство и во согласност со меѓународното право, повикувајќи се на средствата за мирно решавање, пред се на постојаните меѓународни судови и трибунали и арбитражата, порачаа лидерите.

Очекуваат натамошна помош од ЕУ за подобрување на транспортната, енергетската и дигиталната поврзаност на земјите-членки на Процесот Брдо-Бриони со силна поддршка на постојните проекти.

Учесниците на почетокот ги пречекаа македонскиот претседател Ѓорге Иванов, како домаќин и претседателите на Хрватска и на Словенија, Колинда Грабар Китаровиќ и Борут Пахор, како претставници на земјите иницијатори на овој процес.

На двочасовниот состанок присуствуваа и претседателите на Србија Александар Вучиќ, на Црна Гора Филип Вујановиќ, на Албанија Илир Мета, на Косово Хашим Тачи, како и претседавачот со претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ. Специјални гости на состанокот во Скопје се претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов.

Тие се согласија Албанија следната година да биде домаќин на состанокот на лидерите на Процесот.