Во период кога истражувањето на германската фондација се појави во јавноста, во нашата држава осамнаа информации за можен нов корупциски скандал.

Станува збор за настан што го истражува Основното јавно обвинителство во Струга, за случај за корупција поврзан со Асим Муса, заменик-министер за здравство. Тој вчера поднесе оставка на функцијата и изјави дека станува збор за стапица и медиумско дивеење со бомбастични наслови и дека не се точни наводите во телевизиски прилог на чија снимка се гледа како заменик-министерот за здравство добива 50 евра како аванс, за да организира операција на пациент од Албанија (всушност новинар со прикриен идентитет) за 1.000 евра.

– Ве известувам дека донесов одлука да се повлечам од функцијата заменик-министер за здравство и да ја расчистам оваа импонирана дамка од стапицата против мене лично. Ќе продолжам да им служам на граѓаните и на нашата земја и пошироко – изјави Муса за новинарите.

Во меѓувреме, во државата сѐ уште е актуелен и случајот „Рекет“ за кој Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција го поднесе обвинението против три лица – Бојан Јовановски, поранешната главна специјална обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски.