Фото: Маја Јаневска-Илиева

Од Собранието информираат дека премиерот Зоран Заев сѐ уште на ја доставил оставката до законодавниот дом, како и дека на денешната координативна средба кај Талат Џафери воопшто не станало збор за следните чекори што би следувале по синоќешната изјава на Заев за отстапување од премиерската функција.

На денешната редовна координација на Џафери со претставници на политичките партии било договорено претседателот на Собранието да свика седница за верификација на мандатите на новите пратеници кои треба да ги заменат досегашните парламентарци кои беа избрани за градоначалници, откако ќе се добијат официјалните резултати од Државната изборна комисија. Местата на избраните градоначалници во Собранието треба да ги заземат следните кандидати на листата на политичките партии

За градоначалници се избрани досегашните пратенции Костадин Костадинов од СДСМ, Дарко Костовски, Тимчо Муцински, Иван Јорданов и Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ и Биљал Касами од БЕСА.