Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи на денешната прес-конференција во Владата рече дека одлуката за стартот на преговорите на земјата не е подарок туку, признание дека земјата успешно ги спровела реформите и постигнала значаен напредок. Тој потсети дека државата изминала долг и напорен пат, во изминатите 15 години за денеска да го споделиме овој успех.

– Изминавме долг, напорен пат и тежок пат за да стигненме до овој момент. Без задршка и лажна скромоност, слободно можеме да си признаеме дека успеавме. Кога пред 3 години го почнавме овој процес, со навистина изразен ентузијазам, морам да признаам дека не бевме целосно убедени дека овој момент ќе дојде. После безмалку 20 години процес на асоцијација и стабилизација, после 15 години во чекланата како земја кандидат од денес влегуваме во последната фаза од остварување на сонот од независнота на земјата за влез во ЕУ. И да немаме никави дилеми успеавме затоа што заслуживме. Денешната одлука на земјите членки да и дадат зелено светло на Република Северна Македонија не е подарок, ниту претставува чиста политичка одлука, туку оваа одлука е признание за суштинскиот напредок на земјата. Признание за посветеноста на владата кон рефомите, признание за успехот во создавање на добро соседски осноси, за внатершната општествена и меѓуетничка кохезија. Токму затоа одлуката на 27 земји членки е донесена без никакви дполнителни услови. Со тоа Европската комисја доби целосно одврзани раце да почне да ја формира т.н преговарачка рамја за земјатата, по која ќе се организира и првата меѓувладина конференција што ќе значи официјален старт на преговорите – рече Османи.

Османи порача до граѓаните да бидат трпеливи и храбри, затоа што, како рече, оптимист е дека ќе ја добиеме битката со коронавирусот по што не очекува подобра иднина, процес на просперитет и напредок.

– Свесни сме дека предизвикот со справувањето со вирусот КОВИД 19 не преокупира сите нас но, верувајте битката пртив коронавирусот ќе ја добиеме, а идината секако ќе дојде. Добро е да знаеме дека во блиска идина не чека процес кој ќе значи напреодк за сите нас. Тоа значи дека ќе имаме процес што значи предвидливост и стабилност на економските текови, повеќе странски инвестиции, поголем потстрек за домашните, повеќе работни места, повисоки примања се на се подобар животен стандард за граѓаните. Тоа е важно затоа што сега кога се чувстуваме загрозени за идината, овој свеж зрак на оптимизам ќе ни помогне да ја надминеме оваа криза. Бидете трпеливи, не очајувајуте, следете ги препораките, седете дома. Борбата со сегашниот предизвик сигурно ќе ја добиеме, а потоа не чека просперитетна иднина – додаде Османи.