Ќе ги вложам сите напори да ја прекинам тековната дипломатска офанзива за во среда на неколку часа да бидам во Скопје за да се обратам пред пратениците и членовите на Комисијата за надворешна политика во Собранието, истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи, откако претходно денеска претседателот на Комисијата за надворешна политика, Антонијо Милошоски, соопшти дека ќе закаже седница, со цел, Османи да ги претстави предлог Акцискиот план и предлог-патоказот кој Зоран Заев и Владимир Бучковски го преговараат со Софија.

Османи додаде и дека очекувам најмалку со иста ревносност, Милошоски да ја закаже и седницата на која ќе ги претстават тезите и избраните амбасадори, со што ќе се отвори патот за нивно упатување во земјите на покривање.