Македонија не треба да се откаже од можноста за одржувањето на меѓувладината конференција во јуни, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи додавајќи дека не мисли оти Македонија и Албанија ќе бидат раздвoени на патот кон ЕУ. Тој смета и дека треба да се почне со разговори и со евентуалнатa техничка влада во Бугарија со цел да се изнајде техничко решение за што веќе има политичка одлука.

– Мислам дека дебатата што се насочува во јавноста е погрешна, бидејќи ова не е прашање дали Албанија ќе ги почне преговорите или не. Ние го поставуваме прашањето дали ние треба да ги почнеме преговорите, сметајќи дека сме ги исполниле сите критериуми, а дури и сме ги надминале. И затоа реков дека овој ѕид за започнување на преговори, не само што стана симбол на нашите европски аспирации, туку стана тест и за кредибилитетот на ЕУ – изјави Османи по настан организиран во пресрет на Денот на Европа.