Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, упати поддршка до шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева за справување со аферата во која шест лица беа уапсени во Бугарија под обвиненија дека шпионирале во корист на Русија.

– Силна поддршка за суверенитетот на Бугарија, нашиот сосед и сојузник во НАТО. Република Северна Македонија ги осудува сите малигни активности на територијата на Бугарија – напиша Османи на Tвитер.