На Македонија не ѝ требаат предвремени избори, бидејќи земјата ќе влезе во политичка криза, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи при гостувањето во емисијата „Реална приказна“ на телевизија „Њуз 24“.

Шефот на македонската дипломатија вети дека тој како и неговата партија ДУИ ќе продолжат да го одржуваат евроатлантскиот курс, што е од витално значење не само за Македонија, туку и за регионот.

Османи се осврна и на последните предизвици по завршувањето на локалните избори во Македонија.