по 15 години статус на земја кандидат, оваа година Македонија го очекува датумот за преговори, истакнал вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, на денешната средба со министерот за надворешни работи на Република Литванија Линас Линкевичиус.

– Успехот на Договорот од Преспа е секако најзначаен за нас, отворајќи го патот за нашето членство во ЕУ и НАТО, но секако претставува и победа на прогресивните европски сили на целиот континент, директно посочувајќи на позитивната моќ на европската идеја, изјави Османи.

Во текот на разговорот, се наведува во соопштението, соговорниците размениле мислења и околу билатералната односи и соработката помеѓу двете земји, при што заеднички е потврден интересот за нивно натамошно унапредување во сите сфери од заеднички интерес. Во оваа насока особено е потенцирана можноста за размена на искуството од страна на Литванија во процесот на преговори, размена на искуства во имплементацијата на длабоките реформи, како и можноста за директна билатерална поддршка на земјава.