Министерот за надворешни работи Бујар Османи на почетокот на вториот ден од Северно – Атлантскиот Совет на НАТО со очекување за засиленото партнерство меѓу НАТО и на ЕУ и улогата на земјите од Западниот Балкан во овој сојуз.

– Имавме продуктивни состаноци вчера. Денес ќе имаме дискусии со нашите партнери, вклучувајќи ја и ЕУ. Да ја истакнам потребата од посилна стратешка соработка помеѓу НАТО и ЕУ, а особено во Западен Балкан, како регион со значајно стратешко значење за обете организации – истакна Османи пред почетокот на втората сесија на Министерскиот состанок на НАТО.

Османи исто така посочи дека слично на НАТО, перспективата за интеграција во ЕУ може да ги зајакне стабилноста и безбедноста на регионот.

– Не треба да дозволиме каква било амбивалентност да резултира во дивергенција што, исто така, може да се користи од надворешни актери; придржувањето кон ЕУ на Западен Балкан е од особено значење – нагласи Османи.

Денес на Агендата на Османи, покрај сесиите во рамките на Министерскиот совет се и посебни средби со Министрите за надворешни работи на Португалија, сегашниот претседавач со Европската Унија Аугусто Сантос Силва, како и со Министерот за надворешни работи на Финска, Пека Олави Хаависто.