Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, смета дека 2018 е клучна година за напредокот на Република Македонија, но и за севкупните европски перспективи на Западниот Балкан.

– Тоа е година кога и ние, нашите соседи, но и земјите на Унијата треба да донесат храбри и вистински одлуки – истакна Османи, кој денеска се сретна со германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот.

Османи изрази надеж дека во одлучувачките денови и недели кои претстојат, Германија, ќе продолжи со засилено темпо да го предводи процесот на проширување на ЕУ, истакнувајќи ја тука и поддршката за евроинтегративниот процес на Македонија.