Министерот за надворешни работи Бујар Османи, утре ќе оствари официјална посета на Косово.

Покрај средбата со својот домаќин, министерката за надворешни работи, Доника Грвала Шварц, министерот ќе оствари средби и со косовската претседателка Вјоса Османи, претседателот на парламентот Глаук Коњуфца, како и премиерот, Албин Курти.

Како што информираат од ресорното министерство, за време на посетата ќе бидат разменети мислења за прашања значајни за продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји, идните проекти и приоритети, кои ќе бидат тема и за идната заедничка владина седница, перспективите на натамошната соработка во области од заемен интерес, посебно во областа на економијата и трговската размена.

Воедно, се очекува да бидат разменети мислења во врска со актуелните состојби во регионот и безбедносните прашања.