Имаме сериозен напредок и како никогаш порано двете земји не биле поблиску до решение. Наредните часови можат да бидат клучни за исходот од преговорите, истакна вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Тој денеска се сретна во Брисел со високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателката на Европската комисија, Федерика Могерини.

Османи на средбата информирал за остварениот прогрес во односите меѓу Република Македонија и Република Грција, изразувајќи притоа задоволство од постигнатиот напредок во затоплувањето на односите, имплементацијата на мерките за градење доверба, деескалација на политичките несогласувања, но и задоволство од напредокот во разговорите околу спорот за името.