Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција истакна дека може да се потврди дека мнозинство има.

Тој додава дека се очекува ова мнозинство дополнително да се зголеми.

– Мнозинство има, тоа можам да го потврдам, очекуваме со овие разговори ова мнозинство да се зголеми дополнително и да да биде стабилно за да може во наредните месеци и години да се продолжи со овие сериозни активности на Владата – изјави Османи.