Очекувам набрзо да се приклучиме на Италија и на останатите земји во Јадранско – Јонскиот макро регион, изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, на денешната средба со генералниот директор на Директоратот за Европската унија при Министерството за надворешни работи на Италија, Џузепе Бучино.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, вицепремиерот Османи изразил благодарност за досегашната поддршка на Италија за евроатланската интеграција на Македонија и го поздравил ставот на Италија дека процесот на проширување на Европската Унија нема да биде завршен се додека сите земји од Западен Балкан не се приклучат на големото европско семејство.

Евроинтегративниот процес на Македонија, членството во Јадранско-Јонскиот макро регион, билатералните односи меѓу Македонија и Италија, биле дел од темите на разговор на денешната средба.