Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров од утре ќе престојуваат во работна посета на Брисел.

Османи и Димитров ќе учествуваат на работниот појадок со министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, во организација на министрите за надворешни работи на Грција и Романија, Катругалос и Малешкану.

Задутре, пак, во вторник, како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, во која покрај Османи и Димитров ќе биде и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска ќе учествува на редовниот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација, кој од страна на ЕУ ќе биде претставен од потпретседателката на Комисијата и високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, како и од еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.