Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, ќе ќе оствари официјална средба со новиот еврокомесар за соседска политика и проширување, Оливер Вархеи, во текот на работната посета на Брисел.

Статусот на политиката на проширување на ЕУ со посебен акцент на новата методологија, како и статусот на реформите и останатите актуелности во земјава, ќе бидат главна тема на разговорите.