Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, без претходна најава. За средбата, Османи информираше на својот фејсбук-профил.

Двајцата се сретнале на софискиот аеродром, а засега нема детали за што разговарале.

Средбата претходно не беше најавена. Она за коешто претходно информираа од МНР беше дека Османи заминува во посета на Швајцарија и Шпанија, каде што ќе ја мобилизира дијаспората да се попише и ќе го презентира европското досие на земјата.