Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи оствари средба со директорот на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Европа, Пол Макарти и директорот на Центарот за глобален импакт при ИРИ, Антонио Гарастазу.

На состанокот беа отворени темите поврзани со можностите за соработка помеѓу Секретаријатот за европски прашања и ИРИ, во рамките на иницијативите и портфолиото на активности на Институтот, како што се: управување со граѓанството, борбата против корупција, зајакнување на законодавството, дигиталмната демократија, независни медиуми и пристап до информации, прашања поврзани со миграцијата; младинско јакнење, применети истражувања, и слично.

-Републиканскиот институт има долгогодишно присуство во земјава, со исклучително значајно влијание во политичкиот и општествен развој, како и огромен авторитет меѓу политичките претставници од сите провиниенции, и севкупно, од јавноста- посочи вицепремиерот Османи, упатувајќи благодарност до Макарти за континуираната поддршка која институтот ја обезбедува зе Република Северна Македонјиа и нејините евроатлантски амбиции.

Како земја имамe огромен напредок во изградбата на стабилна кохезија во општеството, истакна вицепрениерот, напрeдок во обезбедувањето, стабилност на меѓуетнички план, но и воопшто, во изградбата на политичка зрелост која резултираше со значаен демократски напредок, при тоа упати благодарност и до претставниците на ИРИ за нивниот придонес во овој успех.