Доколку добиеме шанса за преговори и притоа испорачаме резултати, имаме подеднаква шанса за 2025 година со Србија и Црна Гора, оцени вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи во своето неделно видео обраќање на социјалната мрежа „Фејсбук“.

– Многу важен податок кој Европската комисија(ЕК) го потврдила во Извештајот е и фактот што Македонија во имплеметацијата на т.н. АКИ (aquis) или од аспект на усогласеноста на законодавството и институциите со оние на Европската Унија, е рамо до рамо со Србија и Црна Гора, кои веќе подолго време се во фаза на преговори – вели Османи.

Според него, Македонија доби исклучително позитивен извештај од ЕК со чиста и безусловна препорака, а три клучни позиции што ја отсликуваат суштината на Извештајот, се политичките критериуми,  подготвеноста за членство според економските критериуми и имплементацијата на т.н. АКИ.

– Прво, политичките критериуми. Македонија во споредба со останатите земји од Западниот Балкан оствари најголем напредок, што директно ја рефлектира успешната имплементација на Планот 3-6-9, особено квалитетот на имплементацијата на реформите во една транспарентна и инклузивна постапка. Второ, стабилизирањето на политичката криза покажува добри резултати и во останатите области. На пример, во споредба со регионот, Македонија има добиено највисока оценка и за подготвеноста за членство според економските критериуми. Тоа значи дека нашата индустрија, нашите услуги, нашите производи се приближуваат до стандардите со кои ќе станат конкурентни на европскиот пазар, вели Османи во видедо обраќањето на Фејсбук. 

Неделно видео обраќање

Неделно видео обраќање

Posted by Bujar Osmani on недела, 22 Април 2018