Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денека ќе престојува во работна посета на Шведска, каде што ќе се сретне со министерот за европски прашања, Ханс Далгрен, со министерот за меѓународна развојна соработка, Питер Ериксон, како и со претседателот на парламентот, Андреас Норлен.

Како што соопштија од кабинетот на Османи, централна тема на средбите ќе бидат европските перспективи на Македонија, во пресрет на одлуката за почеток на преговорите во октомври оваа година, а ќе стане збор и за билатералната развојна соработка, како и за парламентарната соработка помеѓу двете земји.

Во агендата на Османи за периодот што следи предвидени се посети на метрополите на земјите членки на ЕУ, почнувајќи од Брисел, на почеток на следната недела, по што ќе следуваат Берлин, Варшава итн.