Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска во Копенхаген ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Данска, Јепе Кофод.

– Покрај билатералните односи, централна тема на средбата ќе биде европското досие на земјава, политичките актуелности во земјата, постигнатиот напредок во клучните реформски области, но и добрососедските односи, како и обезбедување поддршка со јасна цел имплементација на одлуката за почеток на преговорите од страна на Советот на ЕУ од март минатата година, преку усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата Меѓувладина конференција – соопшти МНР.

Во текот на денот, Османи ќе има средба и со Жан Елерман-Кингомбе, државен секретар во Кабинетот на премиерката Фредериксен.

За време на посетата на Копенхаген, министерот ќе има состаноци и со повеќе наши граѓани, како и со претставници на повеќе здруженија на дијаспората.