Министерот за надворешни работи Бујар Османи, работната посета на Србија, ја започна на средба со претседателот, Александар Вучиќ.

Како што информираат од ресорното министерство, на средбата биле разменети мислења за билатералните односи меѓу двете држави, соработката на регионален план, како и соочувањето со предизвиците од пандемијата.

Османи, воедно упатил благодарност за донираните вакцини за Македонија од страна на српската Влада.

– Овој гест на солидарност, реализиран и со вашиот личен ангажман, нашата Влада, нашите здравствени институции, но и воопшто јавноста, високо го ценат – истакнал Османи, посочувајќи дека двете држави имаат и многу добра соработка во справувањето со предизвиците од пандемијата, особено при рептријација на македонските државјани преку територијата на Србија.

Посетата на македонскиот МНР на Белград, продолжува со средба со неговиот колега, Никола Селаковиќ, претседателот на Народното Собрание, Ивица Дачиќ и со претседателката на Владата, Ана Брнабиќ.