Премиерот Зоран Заев ќе има состанок со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и со премиерот на Албанија, Еди Рама.

Од Владата соопштија дека денеска во 15 часот Заев ќе одржи трилатерална средба со своите колеги од регионот: претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, и премиерот на Република Албанија, Еди Рама, во рамките на иницијативата за напредна регионална соработка.

Состанокот ќе се одржи преку видеоконференција.