Во Кавадарци до 15 часот гласале 39 отсто од гласачите, Неготино 40,8, Росоман 35,8, а Демир Капија 44, 55 проценти од граѓаните со право на глас. Без проблем се одвива гласањето во четирите општини од Тиквешијата, информираа претседателите на општинските изборни комисии.

Во Кавадарци право на глас имаат 32.109 граѓани. Се гласа на 59 избирачки места. Во Неготино, 15.805 граѓани со право на глас имаат можност да гласаат за претседател на државата, на 28 избирачки места.

Во Росоман, во избирачкиот список се запишани 3.358 граѓани со право на глас, а се гласа на 10 избирачки места. Единаесет избирачки места се отворени во Демир Капија, а право на глас имаат 3.331 лице.