Фото: Маја Јаневска-Илиева

Статистиката покажува зголемена бројка на заразени од ковид-19, и тоа пациенти во дваесеттите и триесеттите години од животот, а нивните симптоми често се сосема различни од симптомите што ги покажуваа досегашните заразени од коронавирусот

Заболени има сѐ повеќе, а истражувањата за коронавирусот откриваат и вирусни мутации. Тие не се посмртоносни, но се карактеризираат со манифестација на сѐ поинакви, различни симптоми.
За издвојување е дека статистиката покажува зголемена бројка на заразени од ковид-19, и тоа пациенти на 20 и 30-годишна возраст. Нивните симптоми се различни од симптомите што ги покажуваа постарите пациенти. Многу млади лица воопшто не ја споменуваат треската, што до неодамна беше еден од најчестите симптоми кај случаите на ковид-19.
– Сè повеќе млади бараат лекарска помош и притоа се задржуваат на болничко лекување. Спектарот од симптоми продолжува со ширењетреска, но се жалат на болки во стомакот – истакна д-р Вилијам Шафнер, професор за инфективни болести при универзитетот „Вандербилт“.

Другите симптоми се гадење, дијареја, губење на вкусот и мирисот и силни главоболки. Покрај болки во стомакот, што не е наведено во списокот на симптоми од ковид-19 објавен од страна на американските центри за контрола и превенција на болести, се споменуваат и сите други симптоми. Некои од нив се додадени само пред неколку месеци.
Така, ЦДЦ ја наведува „болката во мускулите и телото“ како потенцијален симптом, што не ја исклучува можноста од болки во стомакот. Болките во стомакот, пак, може да бидат проследени со дијареја од различна медицинска состојби, па затоа сѐ уште е потребен тест на ковид-19, за да се потврди дијагнозата. Помладите пациенти исто така се жалат и на лесна мигрена.

На лицата што се жалат на симптоми од лекарите им се советува да бидат во самоизолација и да чекаат четири дена пред да бидат тестирани. Затоа што ако тестирањето се направи премногу рано, вирусот може и да не се открие.