Најавената посета на Босна и Херцеговина од страна на делегација на Министерството за надворешни работи на Македонија, предводена од шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, е одложена, соопшти МНР на БиХ.

Посетата е одложена поради технички проблеми поврзани со доаѓањето на македонската делегација, се наведува во соопштението на МНР на БиХ што го пренесоа тамошните медиуми.

Босанското МНР најави дека дополнително ќе информира за новиот датум на посетата на Османи, која требаше да се реализира во рамки на неговата турнеја низ државите од регионот.