Фото: Маја Јаневска-Илиева

Десеттите парламентарни избори завршија од одзив од 50,86 отсто. На гласање излегле 922.678 гласачи од обработени 3.466 избирачки места од вкупно 3.480.

Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски рече дека очекува бројот да се зголеми со оглед на тоа што овие податоци се од петнаесетина минути пред затворањето на гласачките места.

Најголем одзив има Четвртата изборна единица – 59,79 проценти, а најмал и понатаму останува одзивот во Шестата изборна единица со 39,23 проценти. Во Првата изборна единица одзивот е 52,17, во Втората е 47,97 проценти, во Третата 57,31 и во Петтата 50,16 отсто.

Денес гласањето, место вообичаените 12 часа, траеше 14 часа поради примената на здравствените протоколи за заштита од коронавирусот.