Ова е срамота. Емануел Макрон, разбуди се!“, порача на Фејсбук известувачот на Европскиот парламент за Косово, Тања Фајон, која остро реагира на одлуката на Франција да го блокира започнувањето на преговорите за Македонија и за Албанија.

Фајон на Фејсбук, објавувајќи фотографии со премиерот Зоран Заев, со министерот за надворешни работи Никола Димитров и со вицепремиерката Радмила Шекеринска, порача: Емануел Макрон, разбуди се! Време е ЕУ да покаже политичка зрелост и одговорност! Овие лидери ги завршија своите обврски! Сега е време Советот на Европската унија да го заврши својот дел од обврските и конечно да се согласи за отпочнување на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија.