Основното јавно обвинителство – Скопје почна предистражна постапка во врска со непотпишувањето на Законот за јазиците и на спогодбата од Мала Преспа од страна на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

Како што соопшти обвинителството, предистражната постапка е почната по две анонимни пријави.

– Со таа цел веќе се побарани податоци и информации од Собранието на Република Македонија и од кабинетот на претседателот на Република Македонија за тоа кога се донесени одлуките во законодавниот дом, односно дали и од кои причини не се потпишани од страна на претседателот – наведуваат од обвинителството.