Работните групи на власта и на опозицијата денеска ќе одржат нова средба за законот за Јавното обвинителство. Според најавите, средбата што ќе се случува во Собранието е прва по лидерската средба на претседателите на двете најголеми политички партии, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, што се одржа на почетокот од овој месец, а на која не беше најден заеднички јазик за овој закон.

Мицкоски тогаш по лидерската средба рече дека планот на Заев бил да не биде постигнат договор. Тој обвини дека премиерот сака да го контролира Обвинителството за да не одговара за „Рекет“. Од друга страна, премиерот Заев по лидерската средба изјави дека од ВМРО-ДПМНЕ побарале предметите на СЈО пред 30 јуни 2017 година да ги преземе Обвинителството, чиј шеф ќе дојде по предлог од опозициската партија.
Заев е дециден дека Мицкоски е подготвен да ги жртвува НАТО и ЕУ за да го спаси криминалот.