СДСМ назначи 10 нови претседатели на општински организации. Со новиот начин на работа, СДСМ првпат воведе мониторинг систем врз работата на Општинските организации и мерит систем.

По спроведената системска евалуација, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во координација со генералниот секретар Љупчо Николовски и ракодовството на партијата, назначи претседатели на 10 општински организации на СДСМ: во Гостивар за претседател на Општинската организација на СДСМ е избран Станиша Матески, во Новаци – Наумче Смилевски, во Желино – Аднан Демири, во Росоман – Анета Јоновска Љубенова, во Сопиште – Далибор Богдановски, во Ѓорче Петров- Костадин Ацевски, во Демир Хисар – Николче Димитријовски, во Јегуновце – Александар Стефановиќ и во Студеничани – Елвира Мелиќ.

СДСМ соопшти дека се формирани нови општински организации во општините Желино и Липково.

– Со тоа СДСМ е единствена партија во земјава која има локална организација во сите општини во државата. СДСМ е партија којашто е блиска до граѓаните и работи во интерес на граѓаните. Партија која постојано се менува, унапредува и прераснува во отворена, максимално демократска, модерна, разнолика, партија која за прв пат воведува нови концепти и нов начини на функционирање и делување – велат од партијата.