Програмската платформа и лидерскиот тим на новата конзервативна партија „Интегра“ денеска беше промовирана пред македонската јавност.

Оваа партија ќе изнесе иновативни решенија за секој горлив проблем на македонското општество. Од управниот одбор велат дека имаат иновативни решенија во однос на долгот на државата, позиционирањето на Македонија во меѓународни односи, имаат иновативни решенија во сегментот на правдата…

Новата политичка партија „Интерга“ ќе дејствува самостојно, независно од сите, сами ќе го градат нивниот пат, не оставјќи го СДСМ на власт, ниту па имаат намера да го вратат ВМРО.

Комплетен сет на демократски, економски реформи, темелна институционална реорганизација на општеството, се дел од идејните решенија кои ги нуди новата партија „Интегра“.