Oпозициската Нова демократија, преку надлежниот за надворешна политика Јоргос Кумуцакос, бара известување од грчкото МНР за информациите на поранешниот шеф на македонската дипломатија, односно како што пишуваат во соопштението, „за јавно изразениот став на поранешниот министер за надворешни работи на Скопје, Антонио Милошоски според кој Алексис Ципрас е подготвен да ја обврзе земјата со договор со ПЈРМ“.

Од Нова демократија соопштуваат дека вчера во 17.45 побарале информации од Никос Коѕијас, но сѐ уште не добиле никакво известување.

– Очигледна цел на господата Ципрас и Коѕијас е да ги одведат земјата и граѓаните пред свршен чин. Уште еднаш го предупредуваме премиерот: не поседува политички легитимитет да ја обврзе земјата и ќе има комплетна лична одговорност ако се согласи за договор што ќе заврши врз интересите на Грција – соопштуваат од Нова демократија.