Разрешувањето на директорот на Државниот пазарен испекторат (ДПИ), Стојко Пауновски, е согласно законот и кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции, изјави денеска вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција.

Тој додаде дека во следните денови ќе биде назначен в.д. директор на ДПИ, но оти засега нема одлука кој ќе дојде на местото на Пауновски. Според Николовски, Владата на испекторатот му дала 22 согласности за вработувања на инспектори.

Пауновски беше разрешен откако јавно се изјасни дека поголемиот дел од прераспределените рамковни административци не се прифатливи за ДПИ.