На претстојните парламентарни избори задолжително ќе биде носење маска и одржување два метра безбедносна дистанца. Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски вели дека и кампањата ќе биде без масовни собирања и почитување на мерките за заштита и спречување на ширењето на вирусот. Кампањата ќе почне кога ќе биде ставен под контрола коронавирусот, а намалувањето на бројот на новозарзени и драстичното зголемување на бројот на оздравени пациенти Николовски вели дека води кон тоа.

– Факт е дека одржувањето на дистанцата, одржувањето на потребното растојание од два метри и дека користењето на заштитените маски ќе биде останат наше секојдневие и понатака. Тоа ќе биде секојдневие и тоа ќе бидат мерки кои ќе бидат дел од целокупните активности општествени, партиски, државни, и тие ќе бидат дел од секојдневниот живот на граѓаните. Тоа значи и во контекст на изборниот процес кој се наметнува по справувањето со коронавирусот и ставањето во контрола и по намалувањето на новозаразените и зголемувањето на бројот на оздравени одејќи кон ова нормално општество секако дека дистанцата, заштитните маски, ќе бидат дел од целокупниот овој процес, вклучително и изборниот процес. Секако почитувајќи ги сите мерки ние ќе избегнуваме и нема да има масовни собири, ќе се избегнуваат сите групни собирања, и се повеќе ќе се користат комуникациските, дигиталните и електронските елатки вклучително и во кампањата која што претстои – рече секретарот Николовски.

Изборите, кои требаше да се одржат на 12 април, беа одложени со воведувањето на првата вонредна состојба од 18 март.