Симон Поликарп

Симон Поликарп e кандидат на Интегра за градоначалник на Штип. Нигериецот познат под прекарот Џими живее во Штип во изминатите неколку децении.

Тој е меѓу петте каиндидати за функцијата, како што објави претседателката на Општинската изборна комисија на Штип, Сенка Андреева. Покрај Поликарп во трката за градоначалник влегуваат и независниот кандидат Трајче Митев, Лазар Наумов од ТМРО, Сашко Николов од СДСМ и Гоце Ангелов од коалицијата „Во наши раце“.

Изборите за градоначалник во Штип и Пласница се закажани за петок, а ќе се гласа според здравствените протоколи. Болните од коронавирус ќе гласаат два дена претходно, а болните и изнемоштени лица, како и осудениците во затворите еден ден претходно.

ВМРО-ДПМНЕ објави дека нема да учествува на изборите. Идниот градоначалник на Штип ќе има мандат до октомври в година.