Нефи Усеини

Советникот на ДУИ, Нефи Усеини, нема мандат, а даде оставка од советничката функција во Општина Охрид. На седницата каде се верифицираа мандатите на новите советници, тој беше единствениот кој не присуствуваше.

Следната седница е закажана за петок, каде ако се појави, ќе му се верифицира мандатот. За престанок, ќе треба да почека наредна седница која би се одржала најкратко за една недела. Претседателот на Советот, Сашо Донев, вели дека ќе се постапи според законските прописи.

– Мора верификација на мандатот каде ќе биде избран советник на изборите. Потоа, тој треба да поднесе оставка која ќе биде верификувана наредната седница И треба да биде известена ОИК – рече Донев.

ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство и доби претседател во општинскиот совет на Охрид, а СДСМ и ДУИ заминаа во опозиција. Со нив и советникот Нефи Усеини и „Охрид има план Б“. Дел од новото мнозинство во Советот на Охрид се ВМРО-ДПМНЕ и коалиција ,,Обнова на Македонија”, „Левица“ и „Охрид пред сѐ“ која ја сочинуваат поранешни членови на СДСМ. На конститутивната седница, со 14 гласови „за“ беше изгласано Сашо Донев да биде претседател на Советот.

Нефи Усеини, по вторпат доби мандат во Советот. Првиот, го врати на неколку месеци пред локалните избори. Тогаш, продолжи да добива тендери и да работи со општинските претпријатија.