Брисел има нов план за Балканот – неколку моркови повеќе и поголем стап (се мисли на методот за убедување во кој се опфатени и наградата и казната – н.з.), пишува европското издание на магазинот „Политико“.

Тоа се клучните состојки во предлогот на Европската комисија за реформирање на начинот на кој Европската Унија постапува со државите што бараат членство.

Предлогот има цел да ги намали поделбите во ЕУ, со нејзините најмоќни членки Франција и Германија на спротивни страни во расправата.

Новиот план на Комисијата насловен „одржлива ЕУ перспектива за Западен Балкан“ ја отсликува актуелната состојба во која сите држави зафатени во пристапните преговори или оние што се надеваат дека ќе ги почнат се од регионот.

Се очекува дека планот што ќе биде претставен денес, ќе опфати голем дел од барањата на Франција. Со што ќе им овозможи на членките на ЕУ да ги одложат преговорите или да одлучат за нивна блокада, ако земјата-кандидат стагнира или назадува за клучните прашања.

Според новата методологија владите на ЕУ ќе имаат поголем удел во оценувањето на напредокот на кандидатите во исполнувањето на стандардите на Унијата, задача за која досега беше задолжена Европската комисија.