Фото: Игор Бансколиев

Уште не е почната собраниската седница за уставни измени која беше најавена за 15 часот. 

Нема информации зошто се случува доцнењето, што предизвика бројни шпекулации. Според дел од медиумите власта веќе обезбедила двотретинско мнозинство, додека постојат и тврдења дека тоа уште не се случило.

Потребни се 80 гласови од пратениците за пристапување кон уставни измени.