Габриела Илиевска

Независната листа „Поинаку“ денеска ја почна постапката за собирање на потребните 350 потписи за листа на советници во Советот на Битола.

Листата наречена „Група избирачи-за членови на совет на Општина Битола – Габриела Илиевска”.

– Нема поубаво чувство од тоа кога ќе останеш свој на своето! Ветив дека ќе останам поинаква и тоа е свето ветување. Ќе биде поинаку! Потпишете се за да биде поинаку – изјави носителката на листата Гагриела Илиевска. М.М.