Заврши Извршниот одбор во СДСМ, во тек е Централниот Одбор. Оставката на лидерот Зоран Заев веројатно ќе биде прифатена, иако голем дел од членовите се против оставката.

Изборот за нов лидер на СДСМ најверојатно ќе се одржи на 12 декември.

Датумот се поклопува со Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ на кој исто така ќе се бира лидер на партијата.