Според последните податоци од Државната изборна комисија, со обработени 99,46 отсто од гласачките места, на гласање денес излегле 8.260 повеќе гласачи во однос на првиот круг. До 13 часот излегол 369.141 гласач.

Одѕивот, според последните податоци на ДИК, е 20,53 отсто. Во првиот круг до 13 часот одѕивот бил 20,05 отсто од обработени 99,56 отсто. До 13 часот во првиот круг гласале 360.881 гласач.

Следниот пресек на ДИК е за гласањето до 15 часот.