ДУИ го претстави својот кандидат за премиер на државата. На промотивната конвенција во Преспа, ДУИ ја започна предизборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули, на која го промовира Насер Зибери како нивен кандидат за прв премиер Албанец на Македонија.

– По интензивните консултации со граѓанското општество, со академскиот свет, со стручното и креативно мислење, стигнавме до обединувачко и заслужно име на кандидатот за прв Албанец премиер. Тоа е Насер Зибери кој ги има сите доблести да ја води извршната власт на земјата кон полна еднаквост – рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети на конвенцијата.