Фото: Архива

Македонија се надева на ветеното отпочнување на преговорите со ЕУ на денешниот состанок на министрите за европски прашања во рамки на декемврискиот Совет за општи работи на ЕУ, но шансите се слаби поради ветото на Бугарија, како што известува МИА, повикувајќи се на дипломатски извори од европскиот блок.

Ниту предлогот за одвојување на евроинтеграциите на Скопје и Тирана нема поддршка од министрите, со исклучок на бугарскиот, според сознанијата на МИА.

Софија исто така инсистира договорот за пријателство да биде поврзан за процесот на проширување за Македонија и тоа експлицитно да биде наведено во заклучоците за Македонија што треба да произлезат од денешниот министерски состанок.

Европската Унија и оваа година би можела да остане без заклучоци за проширувањето, што беше веќе случај минатата година, бидејќи членките не можат да се усогласат ниту за БиХ, ниту за Турција.

Лани земјите-членки првпат не објавија никакви заклучоци за проширувањето.